Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

t

Група оштетени граѓани до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Зоран Витанов и неколку засега непознати маркетери на компанијата „Мајворлд“ (MyWorld). Пријавата се однесува на основано сомнение за сторено продолжено кривично дело, измама, преку координиран систем за прибирање средства кој функционирал спротивно на законските прописи и етичкиот кодекс на самата компанија.

Според подносителите на пријавата, постојат сериозни индиции дека од Македонија се одлеани девизни средства во износ од најмалку 120 милиони евра. Бројот на измамени граѓани се проценува во илјадници, а износот на штетата кај досега евидентираните лица го надминува прагот за највисоката затворска казна предвидена во Кривичниот законик за овој вид дело.

​Во пријавата е доставена обемна документација која упатува на организирано и систематско прибирање пари од граѓаните. Подносителите ги приложија следните докази:

​- Документирани банкарски уплати од оштетените лица.

​- Бројни видео и аудио записи кои го поткрепуваат обвинението.

​- Индиции за исплатени високи провизии кон пријавеното лице и групата поврзани маркетери.

​- Предложени се изјави од голем број оштетени лица кои се подготвени да сведочат за измамата.

​Со оглед на обемот на случајот и сомневањата за структурирано дејствување на повеќе лица, од Обвинителството се бара да ја утврди точната правна квалификација, вклучително и можноста за постоење на злосторничко здружување.

​Дополнително, оштетените бараат итно применување на привремени мерки за обезбедување на имотот. Ова вклучува барање за замрзнување на имотот и сметките на пријавените лица, со цел да се обезбедат средства за евентуално идно обештетување на жртвите на оваа пирамидална шема.

​Групата граѓани упати отворен повик до сите кои сметаат дека се жртви на овој систем или располагаат со информации, да се приклучат кон правната битка.

​Контакт е-пошта: [email protected]

Се гарантира целосна анонимност и заштита на личните податоци на сите пријавители.

Иницијативата најави дека и во иднина транспарентно ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за сите нови сознанија поврзани со овој случај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов…

Група оштетени граѓани до Јавното обвинителство поднесе…

Градоначалникот на Кочани: Благодариме за секој живот…

Кочани денеска се заблагодари на лекарите, медицински…

Лариџани тврди дека се подготвува нов 11…

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност…

Регулаторна утре одлучува за новата цена на…

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…

(Фото) Генералниот секретар на ITUC со писмо…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти…