Објавено на:

Албанија го прогласи за спонзор на тероризмот

t

Албанскиот парламент денеска ја усвои нацрт-резолуцијата, предложена од владејачката Социјалистичка партија, со која Иран се прогласува за спонзор на тероризмот и Иранската револуционерна гарда се означува како терористичка организација, додека опозицијата ја бојкотираше седницата, објави „Си њуз“.

Резолуцијата беше усвоена со 79 гласа „за“ и еден воздржан во парламентот со 140 пратеници, што може да се види и во видео објавено на Фејсбук од страна на парламентот.

Во понеделникот, главната опозициска Демократска партија остро ја критикуваше Социјалистичката партија дека ја ставила резолуцијата на гласање без претходна меѓупартиска расправа, оценувајќи дека таа служи единствено за личната политичка агенда на лидерот на социјалистите и премиер Еди Рама.

На 28 февруари, Соединетите Американски Држави и Израел започнаа масовни воздушни напади насочени кон ирански воени цели и раководство. Како одговор, Иран возврати со ракетни и дронски напади врз Израел, американски бази и сојузнички земји на Блискиот Исток.

Албанија беше меѓу земјите што во јануари ја потпишаа Повелбата за мир (Board of Peace Charter) на американскиот претседател Доналд Трамп. Минатиот месец, Трамп изјави дека Албанија ќе им се приклучи на Косово, Индонезија, Казахстан и Мароко во обезбедување воена поддршка за стабилизациските сили во Појасот Газа, воспоставени во рамки на оваа иницијатива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија почнаа со поставување интелигентни камери во…

Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека првите…

Во Албанија опожарени околу 11 илјади хектари…

Пожарите во Албанија зафатиле околу 11 илјади…

По спорот за химната, Македонците од Пустец…

До редакцијата на Национал пристигна реакција од…

Албанија воспоставува виртуелното дипломатско присуство

Со цел подигнување на повисоко ниво на…

Рама за неинтонирањето на албанската химна во…

По реакцијата на Министерството за Европа и…