Мицкоски и Филипче со честитки за Рамазан Бајрам

t

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски преку објава на својт фејсбук профил им го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед.

„Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе, почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање“.

Како народ, додава Мицкоски во напишаното, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти.

„Токму затоа, денес повеќе од кога било, потребно е да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани.
Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание.
Со искрени желби за здравје, напредок и благодет“, потенцира Мицкоски во честитката.

Празникот го честита и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

– Честит Рамазан Бајрам им посакувам на сите граѓани од исламска вероисповед. Нека овие свети празнични денови донесат здравје, мир и благосостојба во сите домови.

Рамазан Бајрам е празник кога се слави хуманоста, кога се зацврстува меѓусебната почит и разбирање, кога најсилно се чувствува вредноста на заедништвото. Со почитување на овие вредности, да продолжиме да ја градиме нашата држава како дом за сите – праведен, солидарен и обединет, затоа што различностите се наша сила, а заедништвото наша најголема вредност.

Честит и за многу години Рамазан Бајрам! – напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…