СДСМ поднесе закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министрите, ниту вицепремиерите

t

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за Владата, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, со итна примена.

Од партијата наведуваат дека со овој предлог се поставува принцип на еднаквост, односно исти правила да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок.

СДСМ истовремено ги критикува најавените измени на Законот за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека тие не предвидуваат веднаш да стапат во сила, туку да важат од наредниот парламентарен состав.

„Очигледно е дека целта е да се заштитат актуелните пратеници и министри кои имаат и други државјанства. Ова е нечесно и спротивно на принципите на одговорност“, наведуваат од СДСМ.

Оттаму најавуваат дека, покрај предложените измени на Законот за Владата, ќе поднесат и амандмани на предлогот за Законот за пратеници, со цел забраната за двојно државјанство да важи веднаш и за пратениците.

„Двојно државјанство нема да има ниту пратеник, ниту избран и именуван функционер“, порачуваат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…

Венко не може да ги обвинува сите…

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…