(Видео) Драма во Загреб: Скокал по автомобили и кршел стакла
Несекојдневен инцидент се случил денеска околу пладне во Нови Загреб, на прометна крстосница во близина на Бундек и Хиподромот. Според хрватските медиуми, маж почнал да се качува и да скока по автомобили запрени на семафор, при што оштетил повеќе возила и предизвикал паника меѓу возачите.
Инцидентот се случил на крстосницата кај Авенија Веќеслав Холјевац и улицата Јозеф Антал. На снимки што се шират на социјалните мрежи се гледа како мажот се движи по покривите на автомобилите, а во еден момент скршил ветробранско стакло на возило и се обидел да скокне кон друго возило во движење. По падот на асфалт, според сведоци, за малку ќе бил удрен од друго возило.
Според очевидци, мажот успеал да скрши најмалку две ветробрански стакла, едно на автомобил и едно на такси возило, пред возачите што се нашле на местото да се организираат и да го задржат за да спречат дополнителна штета или повреди.
Од загрепската полиција потврдиле дека околу 12:15 часот добиле повеќе пријави од граѓани за лице кое оштетува возила. Полициските службеници го совладале со употреба на средства за присила, по што бил прегледан од Итната медицинска помош и пренесен во соодветна здравствена установа.
Засега не се познати мотивите за инцидентот, ниту точната висина на материјалната штета. Полицијата продолжува со расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонец уапсен во Загреб по инцидент во…
Драма се случила на меѓународен лет за…
Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…
Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…
Северина на протестот во Загреб: Тука сум…
Десетици илјади луѓе се собраа во Загреб…
Во Загреб ќе се одржи голем протест…
Во Загреб денеска ќе се одржи голем…
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…
