Груевски се уште е државјанин и на Македонија и има пресуди и судски постапки, реагира Министерството за правда по наводите дека експремиерот добил унгарско државјанство

t

Министерството за правда соопшти дека внимателно ги следи информациите во јавноста поврзани со наводите дека поранешниот премиер Никола Груевски добил унгарско државјанство, нагласувајќи дека тој и понатаму останува државјанин на Македонија и лице опфатено со правосилни судски пресуди и активни постапки.

Во реакцијата од Министерството се наведува дека, без оглед на шпекулациите и неофицијалните информации за неговиот евентуален статус во Унгарија, институциите продолжуваат да постапуваат согласно важечките законски процедури.

„Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки“, соопшти Министерството за правда.

Оттаму потенцираат дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции.

Министерството додава дека и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните институции во Унгарија.

Реакцијата следува откако во дел од медиумите беа објавени информации дека Груевски, кој од 2018 година престојува во Будимпешта, наводно добил унгарско државјанство врз основа на „државен интерес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Мицкоски му се „сè посилни“ чувствата…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека чувствата за…

Курдите во Сирија првпат добија државјанство и…

Претседателот на Сирија, Ахмед ел-Шара, издаде декрет…

Сè повеќе Турци земаат германско државјанство

Германија станува сè попривлечна за луѓето од…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…