Вајц: Во Извештајот има членови кои не ги поддржувам, но демократското мнозинство одлучи да ги вклучи

t

„Најголемиот дел од извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија го оценува напредокот на земјата и се обидува да даде реална проценка за тоа што треба да се направи во однос на слободата на медиумите, во однос на владеењето на правото“, изјавил известувачот за Македонија во ЕП, Томас Вајц по вчерашното гласање на Извештајот.

Според него, 95 проценти од документот се теми што одговараат на пристапувањето кон ЕУ, но има „неколку членови што ги одразуваат билатералните односи што Бугарија и Македонија мора да ги решат во одреден временски период“.

Вајц рече дека не поддржува „овие неколку членови да бидат дел од извештајот“, дека демократското мнозинство во ЕП одлучило да ги вклучи, но сепак тие „не ја доведуваат во прашање неговата главна цел, а тоа е дека Северна Македонија постигнала напредок, дека се направени реформи и дека земјата има пристап до средства од Планот за раст на Западен Балкан, но исто така посочува многу области во кои е потребен понатамошен напредок“.

Во Извештајот на ЕП беше задржан ставот 73, кој се однесува на работата на Заедничката историска комисија откако амандманот предложен од европратениот за отфрлање на текстот не беше поддржан од мнозинството европратеници.

Известувачот на ЕП во изјава за „Тв Канал 5“ повторил дека признава дека е важно земјите да зборуваат за својата историја и за начините на кои можат да се решат билатералните прашања, но според него не е во ред „ова да најде место во извештајот за напредокот“.

Кога бил прашан за терминот „фалсификување на историјата“ што се користи во извештајот и дали е можно проценката на реформите, владеењето на правото и демократскиот напредок „да заврши со користење на таква политички набиена терминологија“, Вајц одговорил дека не ја поддржува „оваа терминологија“, но дека мнозинството ја прифатило.

„Јасно е дека малцинските права се дел од европското право и ако овие права не се почитуваат, а јас не правам разлика дали е Австрија, Бугарија или Северна Македонија, правилата се исти за сите и ако има проблеми и инциденти, а инциденти се случуваат низ цела ЕУ, мислам дека е важно да се зборува (за ова). Но, не мислам дека тоа треба да се одрази во извештајот за напредокот на ЕП. Имам јасен став за ова, но сепак сум дел од демократска институција и мнозинството колеги сметаа дека одредени инциденти треба да се одразат во овој извештај, за што жалам. Не негирам дека малцинските права треба да се почитуваат во сите земји, но мислам дека не требаше да користиме извештај за напредок во кој ги охрабрувавме партнерите да работат за тоа. Ова треба да остане на билатерално ниво“, рекол Вајц.

Европратеникот истакнал дека усвојувањето на уставните измени останува единствениот услов за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, „и овој заклучок на Европскиот совет е многу јасна цел што Македонија мора да ја исполни и е конструктивен компромис усвоен од големо мнозинство“.

Тој препорачал државата да ги разгледа 98-те проценти од извештајот што се однесуваат на напредокот на земјата, а не преостанатите 2 проценти од него, што се однесуваат на односите со Бугарија, кои „не припаѓаат таму“.

„Да, знам дека овие 2 проценти се чувствителни, но верувам дека треба да има напори од двете страни – од страна на бугарската и македосната влада – за воспоставување конструктивен дијалог. Мислам дека сите треба да инвестираме во градење доверба, во создавање платформи за ова, но користењето на извештајот на ЕП не е најразумниот начин да се бара конструктивен дијалог“, смета Вајц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…

Димитровски: И да го смениме Уставот поради…

Заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Димитровски, во…

Сиљановска-Давкова денес во Софија, на маргините билатерална…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе…

Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…

Во периодот јануари – март годинава во…