До крајот на годинава бројот на превезени патници на македонските аеродроми ќе достигне 3,5 милиони

t

Владата продолжува со политиката на субвенционирање и отворање нови авиолинии, со цел подобра поврзаност на земјава со европските и светските дестинации. Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека во изминатите две години се отворени неколку десетици нови авиолинии, а ефектите од овие политики веќе се гледаат преку значителниот пораст на бројот на патници.

Според неговите очекувања, до крајот на годинава, бројот на превезени патници на македонските аеродроми ќе достигне 3,5 милиони. Мицкоски посочи дека аеродромите веќе бележат двоцифрен раст на патничкиот сообраќај, при што Меѓународниот аеродром Скопје во одредени периоди има и до 30 проценти повеќе патници во споредба со истиот период лани. Според него, ваквите резултати се потврда дека инвестициите во нови воздушни линии ја зголемуваат поврзаноста на државата, но и придонесуваат за развојот на туризмот и економијата.

Премиерот потсети и на периодот на светската енергетска криза, кога, како што рече, Македонија успеала да обезбеди снабдување со керозин не само за домашните потреби, туку и за неколку регионални аеродроми, со што се одржала стабилноста во авиосообраќајот.

Во меѓувреме, надлежните најавуваат дека интересот на авиокомпаниите за македонскиот пазар расте, а дел од новите линии веќе се воспоставуваат и без потреба од државни субвенции, што според институциите е показател дека Македонија станува сè поатрактивна дестинација за авиопревозниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…