Мицкоски: Подготвени сме да прифатиме една изборна единица
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да прифатат една изборна единица, па дури и барањата на Левица за повеќе пари за финансирање на кампањите на помалите партии, доколку тоа овозможи да биде донесен новиот Изборен законик.
Тој рече дека на вчерашната средба во Собранието ВМРО-ДПМНЕ јасно го повторила ставот дека воведувањето на гласање на дијаспората е стратешка цел, но оцени дека дел од политичките партии настапиле со позиции кои, според него, не оставаат простор за договор.
-Имаше вчера состанок во рамките на Парламентот. Ние како политичка партија јасно дадовме до знаење дека поширокото гласање е наша стратешка цел. Од друга страна, дел од политичките партии излегоа со сосема радикализирани позиции. Едната беше да се гласа со државен консензус, што за нас не е прифатливо. Практично, тоа е позиција со која некој однапред не сака да има договор – рече Мицкоски.
Осврнувајќи се на барањата на Левица и СДСМ, Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да ги прифати нивните предлози доколку тоа значи усвојување на законските измени.
-Нашиот став е јасен. Ако сакаат повеќе пари, добро, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. Потоа ќе се согласиме и за една изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и нивните коалициски партнери – изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека демократијата подразбира одлучување со мнозинство, а не со консензус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…