Објавено на:

Затаиле данод од над 2.3 милиони денари – Фирма од Скопје и нејзиниот управител ќе одговараат кривично

t

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С. (57) од Скопје и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, првопријавениот како управител и одговорно лице во второпријавеното правно лице од 01.01.2023 до 31.12.2023 во деловните книги и даночните евиденции прикажал расходи кои не биле даночно признаени, без соодветна документација и расходи кои не биле во функција со вршењето на дејноста, со што неосновано ја намалил даночната основа и поднел даночни податоци кои не ја одразуваат реалната даночна состојба.

Со претходнонаведените дејствија, тој се стекнал со противправна имотна корист преку избегнување на плаќање данок на добивка во вкупен износ од 2.362.247 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затаиле данод од над 2.3 милиони денари…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.С.…

Гаши: Електронското гласање е можно ако се…

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржува…

Од полноќ дизелот поскапува за 2,5 денари,…

Од полноќ возачите ќе плаќаат повисоки цени…

СДСМ со дрвја и камења по Андреј…

Андреј Петров е човекот кој ја предводеше…

На судењето за „Пулс“ објавени пораки за…

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска…