(Видео) Уапсен велешанец што возел мотоцикл на игралиште, полицијата му го одзеде мотоциклот
Дваесет и тригодишен жител на Велес е лишен од слобода откако управувал мотоцикл без регистарски ознаки на игралиште во градот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Велес го привеле С.Ќ. на 17 јули, околу 00:40 часот, на улицата „Хаџи Косте“, постапувајќи по претходна пријава и по видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како управува мотоцикл на игралиште.
При извршените проверки било утврдено дека мотоциклот бил без регистарски ознаки, а 23-годишникот го управувал пред да стекне право на управување, односно без возачка дозвола.
За случајот е известен јавен обвинител, мотоциклот е одземен, а по целосното документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Уапсен велешанец што возел мотоцикл на…
Дваесет и тригодишен жител на Велес е…
Кина: Тврдењата на Трамп се измислици
Кинеската влада ги отфрли обвинувањата на американскиот…
Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења…
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против…
Трамп ќе го гледа финалето Аргентина –…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Две лица повредени во сообраќајка во Ченто
На 16.07.2026 во 08:30 часот во СВР…