Пекинг: Кина нема интерес да влијае на американските избори
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, денес изјави дека Кина ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој се мешал во изборите во САД, оценувајќи ги како неосновани и злонамерни.
На редовната прес-конференција, Џиан рече дека ваквите обвинувања се „целосно измислени“ и дека одамна е докажано дека немаат основа во фактите, објави „Глобал тајмс“.
Лин рече дека Кина постојано го почитува принципот на немешање во внатрешните работи на други земји и нема интерес да влијае на изборите во САД.
Тој, исто така, ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на други земји, за вршење надзор на влади, компании и граѓани низ целиот свет, како и за собирање податоци за странски државјани.
„Ја повикуваме американската страна да ги преиспита своите постапки, да престане со неоснованите обвинувања против Кина и да не ја користи Кина како тема во изборната политика“, рече Лин, според Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…
„Ако знаеле, зошто не постапиле – 63…
Здружението 16 март 2025 реагира на денешното…
Два танкери со саудиска нафта биле нападнати…
Два супертанкери што превезувале саудиска нафта биле…
Пет активни пожари и пет под контрола…
На ден 01.09.2026 година, до 18:00 часот,…
ОН предупредуваат: Топењето на глечерите на Хималаите…
На хималајскиот регион во следните години му…