ФБИ уапси жена во Калифорнија под сомнение дека го шпионирала синот на тајванскиот претседател
Американските власти во неделата уапсија жена од Калифорнија, која ја обвинија дека по налог на кинески претставници шпионирала за синот на тајванскиот претседател.
Федералното биро за безбедност (ФБИ) соопшти дека синоќа на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес била уапсена Ванјинг Џанг, позната и како Хедер, пред да отпатува за Кина.
Според американските власти, 34-годишната Џанг од калифорнискиот град Ирвајн работела како нерегистриран странски агент. Таа надгледувала еден од синовите на тајванскиот претседател Лаи Чинг-те.
ФБИ првично не го наведе директно идентитетот на лицето кое наводно било цел на Џанг, но подоцна го потврдија извештајот на „Њујорк пост“ кој објави дека шпиунката од Кина го следела Лаи Тинг-ју, кој има дозвола за постојан престој во САД.
Од Кабинетот на тајванскиот претседател постапките на Џанг ги опишаа како „типичен случај на транснационална репресија“, и ѝ се заблагодарија на американската Влада за заштитата на тајванските државјани.
„Нашата земја најостро го осудува таквото варварско однесување, што целосно ги занемарува човековите права и суверенитетот на државите“, изјави портпаролката Карен Куо во соопштение.
Официјален Пекинг засега не го коментирал случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тежок удар врз Кримскиот мост: Аналитичар проценува…
Автомобилскиот дел од Кримскиот мост би можел…
Горивата поевтинија, дизелот се продава за 92…
Од денеска, 17 ноември, важат пониски максимални…
Ова е иранецот кој ги координирал терористите!…
Петмина македонски државјани се уапсени во Македонија…
Падна доверливата комуникациска мрежа на американската НСА,…
Висококласифицираната мрежа што американската Агенција за национална…
(Видео) Затворен е мостот на Крим по…
Украина предизвика сериозни оштетувања на Кримскиот мост,…