Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

t

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска ја обвини Левица дека не ги поддржала работниците во Собранието, откако пратениците на партијата не гласале за предлогот на социјалдемократите за минимална плата од 600 евра. Кузеска оцени дека со тоа Левица ги побила сопствените ветувања за заштита на работничките права.

Кузеска рече дека за предлогот гласале само пратениците на СДСМ и коалицијата, додека пратениците на Левица не биле во собраниската сала. Според неа, за предлогот не гласале ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, а во салата ги немало ниту пратениците на ДУИ.

Таа потсети на ветувањата на Левица за минимална плата во висина од две третини од синдикалната потрошувачка кошница, повисока медијална плата, исплата на платите од први до седми во месецот, двојна дневница за викенд и празник и укинување на привилегираните плати над 10.000 евра.

„Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше“, рече Кузеска, додавајќи дека работниците не можат да ги плаќаат сметките со пароли и политички ветувања.

Во продолжение, таа ја обвини Левица дека дејствува како сателит на власта и дека заедно со други политички структури работи на ослабување на СДСМ. Кузеска упати критики и за политичката ориентација на Левица, посочувајќи дека нејзините антиевропски и анти-НАТО ставови се спротивни на стратешките определби на Македонија.

Таа се осврна и на соработката на поранешни функционери на СДСМ со политички субјекти што, според неа, се против НАТО, САД и Европската Унија, оценувајќи дека станува збор за обид за внатрешно ослабување на опозицијата.

„Левица не е опозиција. Платформата не е реформа. И двете се алатки“, рече Кузеска.

Таа порача дека СДСМ ќе продолжи да се залага за повисоки плати и подобри услови за работниците, додавајќи дека, според неа, политичката цел на власта е да ја зачува својата позиција. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата,…

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот…

Како Наполеон Бонапарта му даде име на…

Не ми е и мене лесно. Понекогаш…

Граѓани нудат куќи и имот како гаранција…

Граѓани од различни делови на земјава преку…

Муцунски не разговарал за положување цвеќе пред…

Министерот за надворешни работи , Тимчо Муцунски,…

Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со…

По објавите во дел од медиумите дека…