Албанија забрзува кон ЕУ: Уште едно поглавје пред затворање
Албанија на 13 октомври во Луксембург ќе ја одржи десеттата Меѓувладина конференција со Европската Унија, на која се очекува привремено затворање на Поглавје 20 – „Претпријатија и индустриска политика“.
Поглавјето ги опфаќа политиките за развој на претприемништвото, конкурентноста, поддршката за малите и средните претпријатија, подобрувањето на инвестициската клима и индустриската трансформација.
Со неговото привремено затворање ќе биде потврден напредокот на Албанија во усогласувањето со европските стандарди и во зајакнувањето на институционалните капацитети за спроведување на овие политики.
Албанија досега има привремено затворено три преговарачки поглавја – 25 „Наука и истражување“, 26 „Образование и култура“ и 30 „Надворешни односи“. Поглавје 20 би било четвртото.
Сите 33 преговарачки поглавја со Албанија веќе се отворени, а процесот сега постепено преминува во фазата на нивно затворање.
Албанските власти оценуваат дека напредокот во Поглавје 20 е важен и за подобрување на деловната клима, привлекување инвестиции и поголема интеграција на економијата со Единствениот европски пазар.
Меѓувладината конференција во Луксембург ќе биде уште еден чекор во пристапните преговори на Албанија со ЕУ, кои официјално започнаа во јули 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија забрзува кон ЕУ: Уште едно поглавје…
Албанија на 13 октомври во Луксембург ќе…
Хитлер Мусолини стана градоначалник во Перу
Хитлер Мусолини Симеон Флорес е избран за…
Полицијата во засилена акција: 161 прекршок кај…
Полицијата вчера спровела засилени сообраќајни контроли низ…
Владата ја продолжува мерката за намалување на…
Владата ја продолжува мерката со која ДДВ…
Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното…