Мицкоски за правосудниот испит: Македонскиот јазик е официјален во државата и правосудниот систем и тоа мора да се почитува

t

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето на студентите Албанци, правосудниот испит да го полагаат на албанскијазик, истакна дека ставот на Владата е јасен.

-Правосудниот систем во Македонија е едно, а правото да се завршува високото образование на мајчин јазик е друго. Никој не го спори правото да се заврши високо образование на јазик на кој државата овозможила. Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование, вели Мицкоски.

Премиерот вели дека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи правдина и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик.

-Во Македонија тој јазик е македонскиот и согласно препораката на Венецијанската комисија, треба да се почитува мислењето од меѓународните институции. Така што, правосудниот систем во Македонија останува „франка лингва“, односно систем во кој македонскиот јазик ќе биде тој кој е официјален, дециден е Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…