(Видео) Мицкоски: Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, граѓаните да бидат спокојни – Редно е ОЈО да провери дали опозицијата прави „саботажа“!
Опозицијата прави хистерија околу Алта банка, вели премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас.
– „Нашата опозиција ќе продолжи да создава паника, хистерија, немир, случај „Алта банка“ има во Србија, кај нас тоа не постои и нема ситуација како со Еуростандард банка која сегашната опозиција, нивната министерка ја банкротираше и пред да банкротира извади 250.000 евра“ – вели Мицкоски.
Според премеирот, опозицијата воопшто не се грижи за штедачите и корисниците на услуги во Алта банка, туку се обидуваат да добијат политички поени, бидејќи без ваков скандал не можат.
Едната опција е банката да биде купена, второто сценарио е да влезе во стечај, рече Мицкоски но порача штедачите да не подлегнуваат на лагите и хистеријата, затоа што 95% од штедачите се со штедни влогови до 30.000 евра кои ќе бидат обесштетени до денар, а останатите да бидат спокојни бидејќи банката има доволно голема актива за во таков случај да биде се надоместено.
Редно е и ОЈО да се позанимава со опозицијата која прави саботажа, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…