Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во Белград – осомничен за злоупотреби од десетици милиони динари
Поранешниот министер за економија и поранешен директор на „Белградски електрани“, Раде Баста, утрово е уапсен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдија за РТС од српското обвинителство.
Баста е уапсен од припадници на Службата за сузбивање корупција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Тој е осомничен дека во периодот додека раководел со јавното претпријатие „Белградски електрани“ му нанел штета од десетици милиони динари, одобрувајќи, како што се сомнева обвинителството, неосновани донации за различни спортски клубови и компании.
Во тек се акција за апсење и претреси на простории, а приведени се и уште неколку лица за кои се сомнева дека се поврзани со спорните активности.
Раде Баста беше министер за економија на Србија од октомври 2022 година до 2023 година, кога беше разрешен од функцијата. На министерската позиција помина околу осум месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…