Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик

t

Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека не постои правосуден испит што во целост се полага на албански јазик. Според предлогот што е испратен до Венецијанската комисија, првиот дел опфаќа теоретски прашања од додипломските студии, а кандидатите кои високото образование го завршиле на јазик различен од македонскиот ќе можат да изберат на кој од тие јазици ќе го полагаат овој дел.

Вториот дел опфаќа симулација на два судски процеса – кривичен и граѓански, и ќе се полага на македонски јазик и кирилско писмо. Мицкоски објасни дека ова решение се темели на толкувањето на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците и на принципот дека правосудниот систем функционира на еден заеднички службен јазик.

Премиерот ја обвини ДУИ дека во текот на повеќе од 20 години не го решила ова прашање, а сега, според него, ги напаѓа обидите на актуелната Влада да најде решение. Тој оцени дека ваквите реакции можат да поттикнат меѓуетнички тензии.

Мицкоски додаде дека предлогот е доставен до Венецијанската комисија и дека Владата го очекува нејзиното мислење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…