Мицкоски: Адвокати и компании свесно се договараат и паѓаат јавни набавки

t

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека адвокатски друштва и компании намерно предизвикуваат пропаѓање на јавни набавки за да заработуваат од жалбените постапки. Ова е една од главните причини за измените на Законот за јавните набавки, со кои прагот за набавки во т.н. „четири очи“ се зголемува од 5.000 на 10.000 евра.

Одговарајќи на наводите дека измените ја намалуваат транспарентноста и отвораат простор за злоупотреби, Мицкоски рече дека постојат организирани обиди за манипулирање со тендерите. „Ние имаме адвокатски друштва и компании коишто заработуваат на тоа што свесно се договараат и паѓаат јавни набавки. И тоа токму такви јавни набавки, за коишто сега прагот од 5.000 е зголемен“, посочи тој.

Според Мицкоски, целта на измените е институциите да не трошат повеќе пари за постапки и жалби отколку што вреди самата набавка. Тој рече дека експертите и невладините организации кои предупредуваат на ризици од злоупотреби не се во право.

„Јас точно знам кои се тие експерти и невладини коишто се обидуваат да креираат таква перцепција, но морам да кажам дека не се во право и дека имаме различни мислења“, изјави Мицкоски, додавајќи дека измените биле консултирани со меѓународната заедница.

Тој категорично ги отфрли сомнежите дека повисокиот праг ќе овозможи однапред договорени набавки и фаворизирање понудувачи, тврдејќи дека законските процедури и контролите го спречуваат тоа. Како пример ја посочи набавката од 50.000 денари за сервисирање прозорци во градинка, за која, како што рече, некој намерно ја блокира постапката за да наплати повеќе преку процедурите.

„Некој свесно го бутка тој тендер, свесно го бутка тој тендер, а наплаќа многу повеќе од тие 50.000 денари во процедурата. Е, тоа не може така да се случи“, категоричен е Мицкоски.

Мицкоски аргументираше и за поскапувањето на жалбите во јавните набавки, посочувајќи дека наместо досегашните 100 евра, подносителите ќе треба да платат значително повеќе. „Или пак, ако сака, наместо досегашните 100 евра за жалба, ќе си плати многу повеќе, па да го видам тогаш некој нека обжалува“, изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…