Објавено на:

Словачка ќе ги блокира новите санкции кон Русија до поправање на нафтоводот „Дружба“

t

Шефот на словачката дипломатија, Јурај Бланар, денеска изјави дека Словачка ќе ги блокира новите санкции на Европската Унија против Русија доколку не добие гаранции за испорака на нафта преку нафтоводот „Дружба“, што беше оштетен во руските напади врз Украина на 27 јануари.

Словачка и Унгарија, кои се во голема мера зависни од руската нафта, ја обвинија Украина дека се обидува да ја одложи поправката на нафтоводот.

„Доколку нафтоводот ’Дружба’ не биде оперативен до одобрувањето на 20-тиот пакет санкции ние нема да го одобриме“, рече Бланар, пренесува Деник Н.

„Немаме друг начин да ги принудиме украинскиот претседател Володимир Зеленски и Европската комисија да ја поправат „Дружба“, им рече министерот на словачките пратеници.

Нафтоводот „Дружба“ испорачува нафта за Словачка и Унгарија, две земји без излез на море, кои некогаш беа членки на Варшавскиот пакт.

Словачкиот премиер Роберт Фицо и неговиот унгарски колега во заминување, Виктор Орбан, го обвинија украинскиот претседател за „уцена“ во врска со повторното отворање на нафтоводот.

Орбан стави вето на заемот од 90 милијарди евра од ЕУ за Украина, предизвикувајќи негодување кај неговите европски партнери откако првично го поддржа заемот.

Бланар увери дека Словачка нема да го блокира заемот за Украина и покрај тензиите околу нафтоводот „Дружба“.

Роберт Фицо и Виктор Орбан, кој во неделата претрпе пораз на унгарските избори, се најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин во рамките на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа се соочува со сериозна енергетска криза…

Европа се соочува со сериозни предизвици во…

Словачка ќе ги блокира новите санкции кон…

Шефот на словачката дипломатија, Јурај Бланар, денеска…

Гнев во Израел поради најавата за примирје…

Во Израел владее гнев откако Трамп објави…

Војната во Иран ја турна инфлацијата во…

Скокот на цените на нафтата предизвикан од…

Две деца и нивниот татко загинаа во…

Три лица, меѓу кои две деца, беа…