Eгзодус – Македонците масовно бегаат во Германија: Еве колку се иселиле од земјава минатата година

t

Само во 2022 година над 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија, речиси двојно повеќе од над 32.000 граѓани што се доселиле во 2021 година во оваа земја, каде според последниот попис од 2022 година живеат 222.000 македонски граѓани, соопштуваат од Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки.

Најмногу Македонци се населени во Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн.

Официјални податоци за тоа колку македонски граѓани заминале во Германија од почетокот на оваа година сè уште не се објавени, но се претпоставува дека бројките уште повеќе ќе се зголемат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…

Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…

Татко од Крива Паланка бил насилен кон…

(Вознемирувачко видео) Пукање на плоштадот во Краков:…

Најмалку две лица загинаа, а десет други…