Jaндриоски за амеба карактерот на раковдоството на ВМРО-ДПМНЕ: Не убедувавте да гласаме за Таравари, сега кога ве откачи не чини – Јас никогаш не му заборавив што говореше за членството

t

Тарвари бил богаташ, имал сомнителни куќи, станови, депозити и како човек бил обичен доктор и тотално неважна лисчност. Тоа деновиве им се сервира од страна на ВМРО на членството и публиката која следи политика.

А до вчера сакавте со него да коалицирате.

Се сликавте со него, власт ќе бутавте, бил умерен политичар, прозападен, така ни велевте и извадивте членство да гласа за него во Гостивар но и во други места во државава.

Ама денес одеднаш Таравари е прајм таргет за пљукање зашо едноставно не успеавте да останете со него во коалиција.
Искрено, мене ми е мило што со ликови како Таравари ќе раскрстиш. Тоа е човекот што во 2017 година, Јули месец, нас вмровците ни препорачуваше да се јавиме на психијатар, и дека сме биле ненормални. Јас тоа не му го заборавив, нема ни да му го заборавам. Тоа се тешки навреди.

А вие од раководството на партијата, тоа го за заборавивте како и многу други кои газеа по нас и пљукаа, па сега сте гс и гаќи со нив. Тоа говори за вас, и за вашиот амеба карактер.

Муабетот ми е, смешни сте со пљукањево по Таравари, зашо до вчера друго ни кажувавте за него. Човекот е како и сите други албански политички предавници кои гласаа за промена на име и за растурање на Македонија, а вие раководството на ВМРО седнавте со него на маса и коалициравте.

Така и ви треба кога се врзувате со тие кои ја предадоа Македонија и тие кои им зачукаа нож у грб на Македонците.
Може бар на кратко да видите како е сега кога предавниците ве предадоа и вас, реформираните и проевропски политичари.

Време е да погледнете во својот двор, ако сакате секако, и дворските игри, кавги и пљукање со сите и по сите што не ви одговараат на вас, да ги замените со обединување и политички манири со кои ќе си ги окрупните коалициките потенцијали, потенцијалите кои можат да ви помогнат да се покажете како сериозен фактор во политиката, а не партиско бизнис гранапче кое поим нема како да ги задржи пријателите а откако ќе ги изгуби плаче, кука и вреѓа како црна вдовица.

Не ве личи така, вие сте ВМРО.

Ама изгледа вие поим немате што е тоа ВМРО. Да знаевте никогаш нема да седневте на маса со оној кој членството го правеше малоумно и не бираше зборови за навреда кон нив.

И дај сменете лента, пошо оваа што ја верглате секој ден со предвремени избори у Мај, е веќе бледа и јалова. Бледа и јалова како вас.

Имавте стотици шанси во последниве 6 или 7 години да изградите свое јас, и да сте сериозиен и стабилен фактор. Фактор од кој ќе се плашат и место да бегаат од него, ќе молеа да коалицираат со него.

Ама место тоа, вие останавте подводливи, лабилни, послушни, бизнис ориентирани, уценети и жедни по секоја цена и со било кој да дојдете на власт.

Исти како Таравари.

вечна..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандал во Ватикан: Кардинал оди во затвор…

Поранешниот заменик државен секретар на папата, кардиналот…

(Фото)Повреден ловец е безбедно евакуиран и со…

„Докторката, која е на лице место во…

„Повеќе зелено“: СДСМ во акција за пошумување…

„Повеќе зелено“ е новата акција за пошумување…

Тројца загинати во нелегална трка на автопат…

Три луѓе загинале кога автомобил што учествувал…