Oрбан: Украинците гинат, а Русија не може да биде поразена, затоа мора да се премине на нов план за дејствување
Стратегијата на Европската унија во врска со конфликтот во Украина пропадна, Русија не може да биде поразена и поради тоа мора да се премине на нов план за дејствување, изјави во Цирих унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој посочи дека Унгарија од самиот почеток ги осудува постапките на Русија во врска со Украина, но тврди и дека реакцијата на Западот на постапките на Русија била погрешна.
„Каква беше нашата стратегија? Украинците ќе се борат и ќе победат на линијата на фронтот, а Русите ќе губат. Каква е реалноста? Украинците се борат и гинат. До што дојдовме? Русија нема да загуби и воопшто нема да ја промени својата политика Затоа, мора да се соочиме со реалноста. Мора да се движиме кон планот Б“, рече Орбан, додавајќи дека Европската унија во моментов нема таков план.
Тој истакна дека наместо да ја преиспита својата стратегија, Брисел предлага продолжување на воената и финансиската помош за Киев.
„Сепак, сосема е бесмислено едноставно да се испраќаат пари на Украинците, тоа не води до ништо“, рече тој, пренесува унгарскиот весник „Маѓар Немзет“.
Орбан заклучи дека единствениот начин да се „запре бесмислената смрт на луѓето“ е веднаш да се прекине огнот и да се започнат мировни преговори за да се постигне договор за Украина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…