“Safe city” системот скоро готов, се чекаат законските измени
Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, не откри кога точно системот Сејф Сити ќе се имплементира во пракса, но истакна дека сега за првпат целиот систем технички е речиси подготвен. Според Јанев единствена пречка за негово ставање во функција се законските измени кои треба да поминат во Собрание.
„Има акциски план сетот на законски измени веќе се пуштени во владина процедура, дел се уште се размислуваат и дел се уште се проверуваат од функционален аспект дали сето тоа може да биде , додека од технички аспект, најголемиот дел е завршен„,рече Александар Јанев, директор на биро за јавна безбедност.
Во исчекување на автоматското казнување на сите сообраќајни прекршоци преку системот Сејф Сити, полицијата периодов спроведува засилени контроли во цела држава. Јанев вели дека иако тие даваат резултат, сепак мора да се работи на промена на сообраќајната култура кај граѓаните.
„Бројот на прекршители и потенцијални прекршители е зголемен, значи полицијата, односно мерките коишто ги применуваме си даваат ефекти, меѓутоа, тоа што мене, како граѓанин сега ќе кажам, а не како предводник на институција, културата сообраќајна мора сите да ја промениме, ние можеме да бидеме и на секоја точка, но ако некој кога ќе ја помине сообраќајната контрола, повторно вози како ништо да нема, тоа навистина е тажно за сите нас„, рече рече Александар Јанев, директор на биро за јавна безбедност.
Засилените контроли полицијата ги спроведува по 29 јануари кога 22-годишната Фросина Кулаковабеше прегазена по низа сообраќајни прекршоци од страна на 20-годишниот Васил Јованов, а оттогаш повторно стана актуелната и темата за системот Сејф Сити. Од Министерството за внатрешни работи посочија дека се потребни измени на пет закони за истиот да се реализира во пракса и тоа најверојатно ќе се случи во текот на следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…