„Support Kocani“ собраа над 923.000 денари и ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека
Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари.
Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство.
Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Дополнително, веќе се обезбедени средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.

Особена благодарност од Support Kocani беше упатена до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобриле попуст во вредност од 19.600 лева, со што значително се олеснило обезбедувањето на неопходната медицинска помош за поголем број повредени.
-Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност, се наведува во соопштението на иницијативата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…
Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Можете да ја одложувате правдата, но не…
Родителите на загинатите млади во пожарот во…
ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…
МВР информира дека вчера попладне во 12:45…