X има нова опција за корисниците на iPhone – како да ја користите?
Функција која социјалните платформи, како што се WhatsApp, Facebook Messenger или Telegram, ја имаат долго време, конечно пристигна и на X. Сепак, само во верзијата за уреди кои користат оперативен систем iOS на Apple, додека наскоро би требало да стане достапна и на другите оперативни системи.
Така, сопствениците на iPhone телефони и iPad таблети кои го користат поранешниот Twitter, сега имаат можност да уредуваат директни пораки (DM) испратени до други корисници.
Пораките може да се коригираат и уредуваат со отворање на секоја кореспонденција со други корисници во делот за профили со директни пораки, а потоа саканата порака може да се коригира или менува на два начина.
Треба со прстот долго да ја притискате испратената порака или да го допрете менито со три точки до пораката. Во двата случаја, ќе се појави опцијата Edit message, а со притискање со прстот се овозможуваат промени во пораката.
Нема временско ограничување за уредување на пораките, според страницата за корисничка поддршка на X, така што е можно да се уредуваат претходно испратените пораки.
Бројот на дозволени промени е ограничен, така што претходно испратените пораки може да се уредуваат најмногу 5 пати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…