Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање мито од 500 евра во ДЗС – ја поздрави акцијата на МВР

t

Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање мито од 500 евра во ДЗС, откри директорот на институцијата во порака испратена до медиумите.

– Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект.

Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР.

Ја поздравувам денешната акција на МВР и воедно ги повикувам граѓаните кои се соочуваат со незаконско поведение на било кој вработен во ДЗС, истото веднаш да го пријават во надлежните институции.

Воедно ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски, напиша Ангелов.

Денес МВР во координација со ОЈО ГОКК лиши од слобода едно лице, вработен во ДЗС, кој барал мито од 500 евра за да даде позитивно мислење за градежен објект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…

Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…

ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира…