Легендарниот Зинедин Зидан назначен за селектор на Франција
Француската фудбалска федерација ја потврди големата вест – Зинедин Зидан е новиот селектор на репрезентацијата на Франција. Легендарниот фудбалер на „триколорите“ го наследува Дидие Дешам и за првпат во својата тренерска кариера ќе предводи национален тим.
Назначувањето на Зидан долго време беше очекувано, а сега и официјално е ставена точка на сите шпекулации. Француската легенда, која како играч остави неизбришлива трага во историјата на репрезентацијата, добива задача да ја продолжи успешната ера на Франција.
За 54-годишниот стратег ова ќе биде прв селекторски предизвик. Досега работеше само во клупскиот фудбал, каде што најголемите успеси ги оствари со Реал Мадрид. Со шпанскиот гигант Зидан освои три последователни трофеи во Лигата на шампионите, а воедно додаде и бројни домашни титули.
Како фудбалер, Зидан беше еден од клучните играчи во најголемите успеси на Франција – триумфот на Светското првенство во 1998 година и освојувањето на Европското првенство во 2000 година.
По промоцијата, Зидан истакна дека функцијата селектор на Франција за него претставува огромна чест, но и голема одговорност.
„Нема ништо поголемо од француската репрезентација. Огромна чест, радост и гордост е да станам селектор на Франција. Во исто време, тоа е и голема одговорност. Му благодарам на претседателот Филип Дијало, на Извршниот комитет и на Француската фудбалска федерација за довербата. Благодарност заслужуваат и Дидие Дешам и неговиот стручен штаб за сè што направија во изминатите 14 години“, изјави Зидан.
Новиот селектор најави дека има високи амбиции и верува дека Франција има квалитет да продолжи со освојување трофеи.
„Оваа репрезентација има огромен потенцијал. Имам големи амбиции и верувам дека можеме да продолжиме да пишуваме успешна историја“, порача Зидан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Легендарниот Зинедин Зидан назначен за селектор на…
Француската фудбалска федерација ја потврди големата вест…
Тела на пет бебиња пронајдени во картонски…
Телата на пет новороденчиња биле пронајдени денеска…
Рено оди на суд во Франција поради…
Во врска со скандалот со дизел-возилата, францускиот…
ЕУ мобилизира итна помош додека пожарите во Франција и Шпанија…
Европската Унија мобилизираше дополнителни противпожарни сили откако големите шумски пожари во…
220 илјади евакуирани од југозападна Франција не…
На околу 220 илјади луѓе кои беа…