Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски, но фокусирани сме на проекти, не на избори

t

Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава за медиуми потврди дека постојат несогласувања и судири на ставови меѓу владините партнери, но потенцира дека тие се решаваат во рамките на коалицијата. Прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека Вреди одиграла како „тројански коњ“ за изборите во Брвеница, Меџити рече дека владата има капацитет да ги надмине несогласувањата во рамките на владината коалиција.

-Имаме редовни средби со премиерот Мицкоски. Ние  сме партнери во Владата. Но, не размислуваме секогаш исто. Има моменти кога размислуваме различно. Има моменти кога се судираме во ставовите, но Владата има демократски капацитет да ги затвори овие прашања и да продолжи напред. Значи, ние сме фокусирани на решенија, а не на избори. Се среќаваме постојано. Ова не е новост, бидејќи се среќаваме редовно – рече Меџити.

Тој додаде дека Владата е фокусирана и посветена на решенија, на работа и на реализација на проектите, а не на предвремени парламентарни избори.

„Слободен печат“ повикувајќи се на информации од ВМРО-ДПМНЕ објави дека по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од Германија, неделава се очекува средба меѓу владините партнери на која треба да падне конечен договор за реконструкција на вториот владин ешалон. На средбата се очекува Мицкоски да им укаже на копретседателите на Вреди Меџити и Билал Касами дека потфрлиле на изборите во Брвеница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Меџити го сака Чаир со срце, но…

Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…