Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и Дубаи, кон ОАЕ можеби ќе се лета и од Охрид

t

„Од почетокот на март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот“, рече денеска вицепремоерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

Тој додаде дека ова е договорено на средбата со амбасадорот на ОАЕ во Македонија, што се одржа токму денеска во Собранието.

„Она што сакам да го објавам по денешната средба со амбасадорот е дека имавме конкретна работа за која што зборувавме, а тоа е директно авионско поврзување помеѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот и на бизнисот помеѓу двете држави. ​Се договоривме дека со почетокот на новата летна сезона на летање, односно од март 2027 година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Тоа е веќе договорено и „Флај Дубаи“ ќе почне во март 2027 година. ​И втората работа којашто можам да кажам дека е сè уште во дискусија, би рекол дека е многу извесно дека ќе ја договориме, тоа е директен лет помеѓу еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, дали ќе е Абу Даби, дали ќе е Шарџа, до Охрид, што многу ќе придонесе за развојот на туризмот. Така што тоа се двете конкретни работи коишто ги договоривме денес“, рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

ОАЕ воведе санкции за најголемата државна банка…

Централната банка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)…

(Видео) Автоматска CPR машина спаси живот на…

Маж во Дубаи доживеал ненадеен срцев удар,…

Дубаи прогласи 10 дена жалост: почина шеикот…

Заменикот на началникот на полицијата во Дубаи,…