Објавено на:

Украина обвинува, Бугарија бара докази: Од каде стигнаа дроновите во Црното Море?

t

Дронови погодиле и тешко оштетиле два трговски брода во Црното Море вчера во 3 часот рано наутро, на околу 70 наутички милји, односно 130 км од бугарскиот град Бјала, при што едниот брод потонал, а на другиот избил пожар.

Сè погласно е прашањето за тоа чии биле дроновите и кој всушност ги нападнал двата брода, при што сите страни се со спротивставени тврдења. Додека Украина ја обвинува Русија, бугарските власти бараат докази и тврдат дека сè уште не се сигурни дали дроновите се руски или украински.

Наспроти тоа, украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашното обраќање изјави дека Украина немала операции во тој дел на Црното Море и дека украинската морнарица веќе стапила во контакт со бугарските власти, од каде добиле информации дека станува збор за руски дронови.

Тој овие напади ги наведува како дел од руските напори западниот дел на Црното Море да се направи небезбеден за цивилна пловидба. Од друга страна, бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов тврди дека засега не можат да потврдат чии се дроновите, ниту пак некоја официјална страна досега презела одговорност за нападот.

„Не можеме да потврдиме дали биле руски или украински. За да бидеме сигурни, потребно е да се пронајдат остатоците од дроновите или една од страните да преземе одговорност“, изјави Стојанов.
Во нападот беа погодени двата трговски брода Alfa Watan, кој пловел под знамето на Того, и Able, кој пловел под знамето на Палау. Еден од спасените турски морнари на бродот Able, по пристигнувањето во Варна, изјавил дека дронот стигнал од под вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…

Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…

Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“

Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…

Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…

Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…

Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…

Насилството меѓу децата и младите, со посебен…

Николоски: Третата фаза од пругата кон Бугарија…

Тендерот за изградба на третата фаза од…