ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од Голема Речица водел нелегален онлајн пазар
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 20-годишниот Е.А. од тетовска Голема Речица, осомничен дека администрирал нелегална онлајн платформа преку која се продавале украдени лични и дигитални податоци.
Случајот бил откриен во координирана акција на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР и американското Федерално истражно биро – ФБИ.
Според МВР, истрагата започнала по информации добиени од ФБИ за криминални активности поврзани со платформата OLVX. Осомничениот, во периодот од 2023 до 2025 година, наводно ги администрирал нејзините домени и веб-страници.
Преку платформата се нуделе украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги за извршување компјутерски криминал. Меѓу понудените податоци биле и повеќе од 1.500 украдени пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи.
Истрагата покажала и дека од 2025 до 2026 година осомничениот ја водел групата ONEMILI на „Телеграм“, преку која се нуделе алатки и услуги за компјутерски измами, вклучително и незаконско враќање пари.
Од МВР соопштија дека биле обезбедени и докази според кои осомничениот преку „Телеграм“ набавувал и поседувал материјали со сексуална злоупотреба на деца.
Против него е поднесена кривична пријава за компјутерска измама, злоупотреба на лични податоци и производство и дистрибуција на детска порнографија.
Од МВР посочуваат дека станува збор за првата заедничка координирана сајбер-операција на македонската полиција и ФБИ насочена кон откривање и сузбивање организиран компјутерски криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…
Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…
Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…
„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…
Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…
Потерницата за Михајлова стигнала во бугарското МВР
Бугарското Министерство за внатрешни работи добило известување…