Бугарите во пaниka – им се растурија лaгитe: Русите снимија документарец во кој тврдат дека Македонија е родното место на словенската писменост

t

Русија јавно ни заби нож во грб со документарниот филм „Една вера, еден јазик“. Тврди дека Македонија е родното место на словенската азбука. Премиерата е во Скопје, во организација на Руската амбасада во Македонија. Браќата Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија која во тоа време не се јавувала како литературен и православен центар на Балканот, пренесува Експрес.

Ова го објавуваат дел од бугарските медиуми револтирани од тоа што во филмот Бугарија е целосно исклучена од научните словенски лингвистички процеси поврзани со големите Кирил и Методиј.

,,Со големорускиот шовинизам во филмот се наведува дека најважниот дел од мисијата на Кирил и Методиј е нивната посета на Херсон, Крим. Таму браќата стапнаа на земјата на идната Русија, а најважна за светот е христијанизацијата што ја изврши принцот Владимир. Таму ја создале азбуката, користејќи некој древен руски јазик …

Светите браќа, според неверојатни шпекулации, ги поставиле темелите на Третиот Рим – Москва!”, пишуваат револтираните бугарски новинари од рускиот филм.

Според филмот која ја искажува официјалната руска научна мисла Черноризец Храбар е словенски просветител кој нема никаква врска со Бугарија. Словенското писмо почнува од Охрид.

,,Сајтот „Плоштад Славејков“ пишува за огромната измама со бугарската историја и воопшто историја. Ниту МНР, ниту Министерството за култура, ниту која било друга бугарска институција не реагираше на ужасната руска провокација и обидот на Москва да ја преработи историјата по сопствена проценка, претставувајќи се како модерна Византиска империја која ќе го стави словенизмот под своја закрила. Дури и советското раководство под Сталин не дозволи таква дрскост …

И ако обидот за искривување на фактите и научните докази е нешто што пропагандата на Путин се обидува долго време, молкот во Софија е неразбирлив и болен.

Премиерата на филмот во Скопје на Бадник. Пораките од Москва и Скопје се јасни и брутални.

Во Бугарија медиумите и институциите молчат. Дали се занемени, депресивни или не е важно што Русија ни заби нож во грб?

На крајот да споменеме дека на картата на која е обележан патот на светите браќа Кирил и Методиј, Бугарија воопшто не фигурира. Ја нема. Не постои. И во создавањето на кирилицата не постои. Пуф – заминавме.

Пријателот Путин ни прати предбожиќна честитка!”, пишуваат бугарските медиуми.

Извор: Експрес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров удри по ЕУ: Нацистите ќе влезат…

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, предлага…

Кадиров “воскресна”: Жив и здрав сум!

На официјалниот Телеграм канал на чеченскиот лидер,…

“Мост” го улови бугарскиот амбасадор во Албанија:…

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците…

Шојгу: Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа…

Односите помеѓу Иран и Русија достигнаа највисоко…

Москва: Воените вежби на НАТО се подготовка…

Планираните воени вежби на НАТО во 2024…