Глутница бездомни кучиња секојдневно напаѓа луѓе околу музичкото училиште во Тетово

t

Жителите на Тетово деновиве со страв поминуваат низ градските улици поради секојдневните напади од бездомни кучиња. За изминатите 24 часа во СВР Тетово се пријавени три случаи, а во Центарот за јавно здравје дури седум. – Пренесува АЛСАТ.

Мештаните кои живеат во близина на музичкото училиште алармираат дека на улицата „Иво Лола Рибар“ неделава глутница кучиња секојдневно напаѓа пешаци.

– Постојано деновиве слушаме панични повици за помош на луѓе кои се нападнати. Ги забележавме и глутницата од неколку кучиња, велат вработените во еден од фризерски салон кај училиштето.

Во СВР Тетово вчера 26 и 48-годишник ги пријавиле нападите на оваа улица. Пријавени се и напади од бездомни кучиња и на улицата „Браќа Миладинови“.

Градоначалникот Биљал Касами најави дека во текот на оваа година во рамки на Полошки плански регион на програма која ќе нуди регионално третирање на проблемот со бездомни кучиња.

Центарот за јавно здравје-епидемиолошка служба во текот на 2021 година бележи 53 напади од бездомни кучиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…