Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај Ајфеловата кула
Париското небо се претвори во огромно светлосно платно додека 1.600 дронови и спектакуларен огномет ја осветлуваа Ајфеловата кула пред францускиот национален празник. Илјадници луѓе се собраа околу Марсовото Поле и Трокадеро за да го проследат необичниот спектакл.
Дроновите создаваа лица, симболи, фигури и натписи над еден од најпознатите светски споменици, синхронизирани со музика, светлосни ефекти и пиротехника.
Претставата насловена „Среќни, заедно“ била изградена околу француското мото „Слобода, еднаквост, братство“. Програмата била поделена во 12 визуелни целини посветени на Париз, реката Сена, 400-годишнината на француската морнарица и 70 години од збратимувањето на Париз и Рим.
За првпат дроновите биле распоредени од двете страни на Ајфеловата кула, кон Трокадеро и кон Марсовото Поле. Новите модели произведувале до 30 пати посилна светлина и летале на висина до 300 метри.
Во спектаклот биле користени 120 позиции за огномет, од кои повеќе од 80 биле поставени на самата кула, како и 50 подвижни рефлектори. На техничката и уметничката реализација работеле околу 100 луѓе.
Прославата годинава исклучително се одржа на 13 јули, еден ден порано од вообичаеното. Француските власти го оставија 14 јули за одбележување на десетгодишнината од терористичкиот напад во Ница, во кој во 2016 година загинаа 86 лица, меѓу кои 15 деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…
Париското небо се претвори во огромно светлосно…
Скратено работно време на Ајфеловата кула и…
Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз…
(Видео) Навивачите на ПСЖ буквално го запалија…
Француските власти велат дека полицијата испрашала стотици…
Хаос во Париз по победата на ПСЖ:…
Судирите меѓу демонстрантите и полицијата низ цела…
Украина: Не подготвуваме напади со беспилотни летала…
Украинското Министерство за надворешни работи ги негираше…