(Фото) Месец дена гори градската депонија во Делчево: Граѓаните се жалат, надлежните велат го решаваат проблемот

Веќе еден месец непрекинато гори градската депонија во Делчево, велат читатели на Инфомакс од градот.
Депонијата во која се депонира комунален отпад е причина за ширење на неподнослива миризба низ целиот град, која може да биде и штетна по здравјето на граѓаните.
До нашата редакција пристигнаа фотографии од депонијата на кои може да се забележи дека гори комуналниот отпад, а граѓаните велат дека надлежните институции, градоначалникот и ЈКП Брегалница Делчево досега не преземале никакви мерки за гаснење на пожарот и расчистување на депонијата.

Краток прекин на пожарот имаше во периодот на неколку дневни врнежи, по што неподносливата реа продолжила да се шити низ градот.
Засега нема информации дали пожарот е предизвикан од човечки фактор.

Го прашавме градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски дали и што преземаат службите за решавање на проблемот и која е причината што толку долг временски период не може да се изгасне пожарот.
Градоначалникот само кратко одговори дека “Денес веќе се расчистува депонијата. Заради метанот кој се ослободува на неколку делови чади депонијата. За два дена ќе се реши проблемот комплетно”.

Пред да го добие првиот мандат како градоначалник, Трајковски имаше чести изјави дека доколку ја добие довербата на граѓаните приоритет ќе биде подобра хигиена на градот и навремено собирање на отпадот.
Покрај непријатната миризба, штетните гасови кои се шират од депонијата може да бидат и штетни за здравјето на граѓаните, особено за оние кои имаат респираторни проблеми или заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се санира оштетениот мост на магистралата А3…
Паралелно, во Делчево се работи и на…
Нов земјотрес во делчевско
Нов земјотрес попладне околу 18:20 часот е…
ГОРДОСТ! Ученици од Делчево, Куманово и Свети…
Ученици од Делчево, Куманово и Свети Николе…
И делчевските пензионери бараат 20.000 денари пензија
Со мирен протестен марш низ градските улици,…
Во пожар во делчевското село Габрово изгореа…
Во делчевското село Габрово изгореа околу 25…