Арсовска: Ќе има органите што да работат, Мицкоски е одлично запознаен со доверливи информации за тендерот во “Водовод”
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека го гледала гостувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на ТВ21.
Според Арсовска, Мицкоски е многу добро запознаен со сумите за тендерот на Водовод и Европската инвестициона банка вреден над 130 милиони евра кои биле доверливи.
„Со самото тоа што некој сите овие месеци ги криел процесите кои се одвиваат таму, а јас како градоначалник не сум добила ниту една пишана информација, ниту пак Советот добил било каква информација врзана за сите овие дејствија таму, а од друга страна видовме дека тука, токму во вашата емисија, претставникот кој што беше на опозициската ВМРО-ДПМНЕ богами и како тоа добро е запознаен со сите постапки, со сите суми, со сето она што се одвивало таму. Сметам дека е сериозна индиција за тоа што се случувало таму“, вели Арсовска.
Таа додава дека штом можело некој од надвор, за нешто што се квалификува како доверливо, толку многу добро да е информиран смета дека органите во Македонија ќе имаат со што да се позанимаваат во следниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…