Белорусија ја прогласи Македонија за непријателска земја

t

Белоруија ја прогласи Македонија за непријателска земја. Одлуката на Владата во Минск стапува во сила со нејзиното објавување, а Националниот правен интернет портал денеска ја објави и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс.

Покрај земјите – членки на Европската Унија, на листата се уште 12 земји: САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.

Одлуката стапува во сила на денот на официјалното објавување.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет со цел, како што се наведува, „да ги заштити националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица”.

Белорусија oфицијално не учествува во војната на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…

Само еден товарен брод вчера минал низ…

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…

По вчерашното одржување на првото судско рочиште…

Возел брзо во левата лента, па се…

Државјанин на Македонија е уапсен во Србија…

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Црна Гора очекува до крајот на годината…

Мицкоски во ексклузивно интервју за Брајтбарт: Американски…

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…