БОЖИКНА ДРАМА ВО ФЛОРИДА: Тинејџер ја застрелал сестрата поради расправија за подароци

t

Петнаесетгодишно момче од Флорида е обвинето дека пукало во својот 14-годишен брат, откако тој тинејџер смртно ја застрелал нивната 23-годишна сестра додека таа седела надвор со своето бебе на Бадник, јавија американски медиуми.

Полицијата соопшти дека браќата претходно се степале за време на семејно шопинг патување за тоа – кој што ќе добие за Божиќ и како ќе бидат распределени парите предвидени за подароци, јави Си-Би-Ес Њуз. Кога мајката ги однела сите во куќата на нивната баба во Ларго (во близина на Тампа, Флорида) продолжила расправијата.

Откако влегле внатре, 14-годишното момче наводно извадил полуавтоматски пиштол, го вперил во својот брат и му рекол дека ќе му пука во главата. Постариот тинејџер рекол дека не сака да се кара и му рекол на својот брат да излезе од куќата. Еден од нивните вујковци ги разделил тинејџерите и го извел 14-годишното момче надвор, каде била постарата сестра со своето бебе.

Четиринаесетгодишното момче упатил неколку погрдни зборови на својата сестра Абриел Болдвин и ѝ кажал дека ќе пука во неа и нејзиното бебе. Тој наводно ја застрелал во градите околу 13 часот и 45 минути по локално време. Нејзиното бебе е неповредено.

Наводно, 15-годишникот потоа излегол од куќата на бабата со полуавтоматски пиштол и го застрелал својот помлад брат во стомакот. Потоа побегнал од домот, фрлајќи го пиштолот во блискиот двор, а подоцна бил приведен во домот на член на семејството.

Помладиот брат, кој може да биде обвинет како возрасен за убиство од прв степен, е во стабилна состојба во болница во областа Тампа по операцијата. 15-годишникот е обвинет за обид за убиство од прв степен.

Болдвин била пренесена во болница, каде била констатирана смрт. Куршумот поминал низ нејзината лева рака и во градите, уништувајќи ѝ ги двете белодробни крила. Таа претрпела внатрешно крварење и не можела да дише.

На ранетото 14-годишно момче му е извршена операција и сега е во стабилна состојба во болница. Тој е обвинет за убиство од прв степен, злоупотреба на деца и за поседување огнено оружје, соопшти полицијата. Државното обвинителство на Пинелас-Паско ќе го разгледа случајот и ќе одлучи дали тинејџерот ќе биде обвинет како возрасен.

Неговиот брат е обвинет за обид за убиство од прв степен и за манипулација со материјални докази. Двајцата тинејџери имаат претходно досие за апсење поради кражби на автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…