Браво за м… : Земон го пофали Мицкоски – Добро е што ги отвори вратите за уставни измени

t

Добро е што Мицкоски делумно попушти и рече дека за него е прифатлив хрватскиот модел и дека сака истото во целост да се спроведе, мислејќи дека со тоа би се намалил статусот на деловите на народи, во национални малцинства. Значи се отвораат вратите за наоѓање решение, напиша поранешниот пратеник Рубин Земон,  претседателот на Сојузот на балканските Египќани како коментар на изјавата на Христијан Мицкоски кој вели дека веднаш би прифатил промена на макеоднскиот Устав по хрватски терк.

Земон на Фејсбук прави споредба меѓу Уставот на Македонија и Уставот на Хрватска.

…граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.

„Ако внимателно се чита текстот постојат 4 уставни категории во Преамбулата:

1. граѓаните;

2. македонскиот народ;

3. граѓани кои се дел на албанскиот, турскиот, влашкиот, српскиот, ромскиот и бошњачкиот народ и

4. другите.

Од ова произлегува дека македонскиот народ е конституент и конститутивен народ на државата, и не е со ист статус како и заедниците, за кои и се акцентира ‘ГРАЃАНИТЕ кои се дел на албанскиот народ, турскиот итн’.

Во хрватскиот Устав пишува Република Хрватска се установува како национална држава на хрватскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства и се именуваат поединечно 22 заедници…. и продлжува текстот дека им се гарантира рамноправност со граѓаните на хрватската народност и остварување на националните права во склад со демократските норми на ООН и земјите на слободниот свет… Значи се отвораат вратите за наоѓање решение“ – напиша Земон на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…