Важно соопштение за измама од Пошта: Не продаваме кутии за 123 денари
Македонска пошта преку соопштение ги известува граѓаните дека повторно се злоупотребува името на Пошта, овојпат преку социјалната мрежа Facebook.
Се работи за измамничка кампања која го користи логото на Пошта, а зад тоа стои лажна веб страница која испраќа пораки.
„Сакаме да ги известиме нашите корисници дека Пошта на Македонија не стои зад овие објави во кои се нудат специјални кутии со различни производи за само 123 ден. Ги молиме граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат своите лични податоци, бидејќи АД „Пошта на Македонија “ не испраќа електронски пораки до своите корисници, ниту пак ваква кампања постои на нашата официјална веб страница“, велат од Пошта.
Потсетуваме дека секое неовластено претставување во име на Пошта на Македонија претставува ласична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност.
„Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки, понуди или услуги може да го прочитате на официјалната веб страница www.posta.com.mk.
Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта“, додаваат од Пошта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е Предраг Вулетиќ, покраински секретар во…
Покраинскиот секретар за социјална политика, демографија и…
Димитриеска-Кочоска: Банкарскиот сектор во земјата е стабилен,…
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и…
Крај на една ера: Кристијано Роналдо се…
Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, објави дека…
(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…
Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…