Објавено на:

Велешанец заработи кривична откако им нудел 500 евра на полицајци за да го пуштат

t

30-годишен велешанец, кој бил уапсен за друго дело, на пат кон полициска станица им нудел на полицајците кои го привеле по 30.000 денари за да го пуштат, соопшти МВР.

Полицијата не открива за што бил првично уапсен младиот велешанец, но додава дека тој сега ќе одговара и за давање поткуп.

„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Д.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп”, казниво по член 358 од Кривичниот законик. На 13.05.2023, тој бил лишен од слобода и при движење кон Полициската станица во Велес на полициските службеници им понудил по 30.000 денари да го ослободат“, пишува во полициското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…

Во текот на изминатото деноноќие на целата…

Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…

Две повозрасни лица биле физички нападнати на…

Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…

На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…