(Видео) Бомба од Ристовски: Мицкоски лично ми призна дека е уценет пред сведок генерал!
Мицкоски лично ми призна дека е уценет, сакав да го докажам тоа на суд. Извршителка ми ја блокираше сметката, објавила налог во Нова Македонија по налог на адвокат на ВМРО-ДПМНЕ, истакна во денешната епизода на Тешки муабети претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски.
– Сега прашање е против кој се бори Мицкоски? Соработува со СДСМ, адвокатот не дал налог да се објави истото и за СДСМ.
На една од средбите со Мицкоски во присуство на сведоци го прашав дали имате како партија и како лидер на партија план, начин, визија како да се анимирата неопределените 65% гласачи. Ладнокрвно и резолутно ми вели, не, немаме.
Намерата на Интегра е да работиме со овој дел, ние не ораме туѓа нива, да анимираме што поголем процент од тој дел, да не се клоцаме под маса за тие работи, Рекоа имаме намера да им одземеме многу гласови, ние немаме намера да им земем од стабилното гласачко тело, ние имаме неопределено гласачко тело. Никојпат не пројавија визија, иницијатива, интерес да се работи со овој дел на неопределени луѓе.
Многу е глупава тезата дека секој даден глас за политички партии е изгубен и заради нив не можел ВМРО-ДПМНЕ да извади 61 пратеник и да формира Влада. Поглупава теза од таа не може да има. 65% се неопределени луѓе, ресурс кој ако го насочиме кон десниот блок не 60, ќе имаме 80 пратеници, па ќе си ја земеме татковината во свои раце, Македонците ќе си ја земат Македонија во свои раце.
Јас немам ништо против Албанците, едно Сонце не грее, една вода пиеме, еден воздух дишеме, сите живееме заедно. Ако не го сакате своето не може да го сакате туѓтото, секој го сака своето сами ние Македонците не го сакаме заедно, вели Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…