(Видео) Грк плати 30.000 евра за влечење на куче, во Македонија истото поминува без казна
По објавеното видео на социјалните мрежи на кое се гледа куче врзано за задниот дел на автомобил во движење, уапсен е возачот поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно казнет, а надлежниот министер за полицијата Нотис Митаракис преку Твитер коментираше дека такви антиопштествени однесувања не се прифатливи“.
Од грчката полиција соопштија дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос.
Во Грција пред две години беше изгласан Законот за заштита на животните, а секоја злоупотреба се казнува.
Сличен инцидент, но без епилог, имаше и во Виница, каде возач со автомобил влечеше врзано куче, кое мораше да трча по возилото за да не биде задавено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Приведен 72-годишник: Со пушка убил куче среде…
На 03.07.2026 во 10:30 часот во Радовиш,…
АХВ тврди: Не е волк, се работи…
Откако во јавноста се појавија информации дека…
Кривична пријава за Грк сакал да внесе…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.К.(51)…
Караман официјално признаен како автентична македонска раса!
Македонската кинологија доби нов повод за гордост…