(Видео) „Западот се подготвува за голема војна со Русија“
Владимир Соловјов – пропагаторот на Кремљ изјави дека соработката на членките на НАТО покажува дека Западот се подготвува за војна со Русија.
Ваквите негови коментари се по реакцијата на рускиот претседател Владимир Путин на тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден дека ако Русија ја победи Украина, ќе нападне членка на Алијансата.
Путин завчера на државната телевизија изјави дека Москва нема „никаков геополитички интерес, ниту економски, ниту политички, ниту воен, да се бори со земјите од НАТО“.
„Но, НАТО сака да се бори со Русија. Литванија и Естонија потпишаа план за соработка до 2028 година, а американската база за противракетна одбрана стана оперативна во Полска, на 209 километри од Калининград“ – тврди Соловјов.
„Дали тие се обидуваат да не задеваат“, вели тој пред гледачите.
„Иако Путин по 156-ти пат јасно објасни дека нема да војуваме со НАТО… веќе нема да бидеме наивни. Повеќе не му веруваме на Западот, никому“, рече тој на каналот „Русија 1“.
„Разбираме која не нивната вистинска смисла, уништување на руската држава. Ние веќе не веруваме во уверувањата на нивните политичари. Гледаме како Западот јасно се подготвува за голема војна со Русија“, додаде Соловјов.
"We see how the West is clearly preparing for a big war with Russia" – Russian propagandist Solovyev.
It's always someone else's fault when Russia attacks, according to them. https://t.co/KP6T9gQNx4 pic.twitter.com/rIFYwL7xd4
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 18, 2023
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истанбул го симна Хитроу од европскиот врв…
Лондонскиот Хитроу ја загуби позицијата на најпрометен…
Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново…
Пожарот што вчера околу 13:30 часот избувнал…
Израел oбјави мапа како доказ дека Турција…
Израелското Министерство за надворешни работи повторно ги…
Британец со деменција по 25 години живеење…
На 74-годишниот Британец Хорас Мејсон, кој повеќе…
„Пет недели граѓаните на Гостивар се без…
Пет недели по избивањето на кризата со…