(Видео) „Името не го враќаме“: Мицкоски и Димитров најдобри другари?

t

Деновиве се случила средба меѓу Никола Димитров и Христијан Мицкоски, а истата се случила откако Димитров претходнно најави дека ќе се враќа во политиката, а деновиве се пожали дека не го поканиле на Преспа Форумот.

На фотографијата се гледа дека Мицкоски зборува со Димитров, додека во позадина се гледаат Владимир Нелоски и Илија Димовски.

– Зошто партијата на Мицкоски не спомнува ништо за Преспанскиот договор, пратениците беа предавници, па сега тоа е реалност. Македонија нема опозиција, Македонците немаат организиран политички субјект опозиционен, вели Петровски.

Цел на напад на трите страни, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, се Инфомакс, Левица, Стевче, Данела, додава уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

Димитров претходно најави дека се враќа во политиката. Балкански центар за конструктивни политики Солуција e името на новото политичко движење или новата невладина организација на поранешниот шеф на дипломатијата а потоа и вицепремиер за европски прашања.

Тој во телевизиско гостување претходно истакна:

„Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол. И мислам дека е тоа здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и дека не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и до својата совест отколку да вика магарето лета. Оти од викање лета ли магарето, лета магарето, стигнавме до ова дереџе. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Да видиме колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и колку граѓани има што сакаат законот, системот да важи на целата територија и да биде еднаков кон секој граѓанин“, изјави за ТВ21 Никола Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…