(Видео) Мицкоски искористува жена под политички прогон за собирање лајкови!

t

Мицкоски искористува жена која е под политички прогон за собирање на лајкови на социјални нмрежи, вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во денешната епизода на Тешки муабети.

Митовски потсетува дека Јанкуловска претходно се конфронтираше со Груевски пред првите уставни измени.

– Кога Груевски во 2018 година ги повика пратениците да не гласаат за уставни измени за промена на уставното име, тогаш единствен функционер кој се конфронтираше со Груевски беше Гордана Јанкуловска.

Кога го напиша тоа Груевски, Гордана го нападна дека лесно му е на него во Будимпешта, на нас ни е тешко и слично, што води до тоа дека Јанкуловска ги оправдува тие што гласале за уставни измени, вели Митовски.

Тој додава дека Мицкоски претходно барал сите правосилно осудени да си лежат во затвор.

– И денеска Гордана се слика со Мицкоски. Ама Мицкоски пред неколку месеци тој рече дека сите кои се правосилно осудени, да си лежат, меѓу нив и Јанкуловска.

Со што Мицкоски и ова раководство ѝ помогнале на Гордана? За сега, видете ја перверзноста на Мицкоски, да искористува жена која е под политички прогон, која е пуштена на викенд да си го види детето, а Мицкоски ја објавува на кафе со него.

Чесно е да каже и Јанкуловска дека одредбите, подзаконските акти според кои таа е денес на викенд, се изменети благодарение на носењето на новиот Кривичен законик и нејзиното барање, ургирање кај ова власт и овој премиер, тие измени да се случат, за да може Агенцијата за извршување на санкции да ги одобри.

И сега оваа власт ѝ ги овозможува овие работи, таа оди се слика со Мицкоски, кој три месеци претходно вика дека треба да си лежи. – вели Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…