(Видео) Мицкоски ретерираше: Не сакале да го убијат него туку се пукало во толпата
Откако обвини дека пиштолџијата кој денес пукаше кај Мавровка скаал да го убие лично него, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ретерираше во својот став и кажа дека сепак пукањето било насочено кон толпата и среќа е што нема повредени.
На прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, зошто член на Алијанса за Албанците и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ би сакал да го убие претседателот на паријата Мицкоски, тој одговори:
– Најмалку што треба е да се политизира работата, јас упатив на оваа прес-конференција порака за обединување, да бидеме над политиката и да бидеме над тие тензии кои некои ги замислиле за да не поминат. Секој кој се огрешил и сторил криминал треба да одговара, и родена сестра да ми е ќе одговара и тука немам дилема ни сега ниту никогаш. Овој човек направи криминал и треба да одговара, одговори Мицкоски.
Следете ја целата прес-конференција во живо на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…
Скопје со денови е задушено во чад.…
Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…
Скопје е задушено во чад поради горењето…
Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…
Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…
Се заваруваат сите шахти на трасата каде…
Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…