(Видео) Мицкоски сака да глуми “страшен лик” од калибарот на Ванчо Михајлов, затоа се и овие напади кон советници

t

ВМРО во статутот пишува дека влече континуитет од Ванчо Михајлов, во 1928 е избран за претседател на ВМРО и тоа останува до крајот на неговиот живот.

Вчудоневидн сум кога Мицкоски зборува едно, а членовите прават друго при формирање на клубот Ванчо Михајлов во Битола.

Тоа е форсирање на теорија на хаос.

Во отсуство на сериозна дебата која би требало да ја водат историчари, мора да пробаме ние да ја одгатнеме оваа загатка.

ВМРО-ДПМНЕ го презема историскиот континуитет на ВМРО, континуитетот е следен, до 1924 член на ЦК е Тодор Александров, по неговото убиство неговиот секретар Ванчо Михајлов ја зазема набрзинка неговата уллога, ама има тројца членови на ЦК на ВМРО.

Во 28 година се прават обиди да се направи конгрес, имало конфликт меѓу Протоѓеров и Михајлов. Тие имале одредени инклинирања кон Бугарија но Протоѓеров барал ВМРО да се врати во борбата од Македонија, Вачо Михајлов никогаш не стапнал во Македонија, делувал од Софија.

Протоѓеров предлага барал окрузите да определат делегати и да се свика сеопшт конгрес и да се утврди борбата на територија на Македонија, Вардарска Македонија, и тогаш Михајлов донесува одлука да го ликвидира. Става двајца приврзаници во тоа колективно тело и ја презема отганизацијата.

Тоа е дел од историјата на ВМРО, на Македонија.

Но 95-та година ВМРО рече дека ова е наша внатрешна историја, па кој го уби кралот во Марсеј? Позната е сликата на Ванчо Михајлов со Анте Павелиќ…

Сакаме ли континуитет фер е да дебатираме за овие ствари и моменти од животот на Михајлов и да видиме на што сме. Не може денеска ни се свиѓа што сме го утепале кралот во Марсеј, а утре протестираме против клуб, вели Петровски.ж

Митовски додава дека не се согласува дека Михајлов е контроверзен, многу е јасна неговата улога во историјата. Од една страна се бориме со фашизмот,имаме АСНОМ-ски темели, од друга страна влечеме континуитет од Ванчо Михајлов, вели тој.

Петровски вели дека Мицкоски сака да глуми “страшен лик” од калибарот на Ванчо Михајлов, иако е далеку од тој калибар, затоа се овие изјави за Ванчо Михајлов. Затоа се и овие напади и закани кон советници и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Петровски додаде дека Михајлов има исклучително негативна улога во македонската историја, а и за македонското прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…

(Фото) Мицкоски ја тужи Левица преку адвокат…

Мицкоски ја тужи Левица преку адвокатот Панче…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…

БОМБА НА БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ: Идејата за Бугари…

Одлуката на американското Министерство за финансии да…